„Џумајлија“, велат, ќе е најголемата фарма во Централна и во ЈИ Европа

Bez autora
Oct 03 2013

Доколку се остварат инвестициските планови на индискиот бизнисмен Субрата Рој за реализација на почнатиот проект „Џумајлија“, оваа сточарска фарма ќе ја фрли во сенка моментално најголемата фарма во Централна и Југоисточна Европа. И според висината на оваа инвестиција во земјава, која е за речиси дваесет пати поголема, и според бројот на кравите со кои ќе располага, но и количествата на млеко што ќе се произведуваат. Имено, најголемата сточарска фарма во Централна и Источна Европа се наоѓа во Чипотелек, Унгарија. Инвестицијата е на „Боли зрт“ и таа изнесува 12 милиони евра. Фирмата „Боли зрт“ е членка е на групацијата „Бонафарм“, која има речиси 5.500 вработени на 50 локации.

„Џумајлија“, велат, ќе е најголемата фарма во Централна и во ЈИ ЕвропаДоколку се остварат инвестициските планови на индискиот бизнисмен Субрата Рој за реализација на почнатиот проект „Џумајлија“, оваа сточарска фарма ќе ја фрли во сенка моментално најголемата фарма во Централна и Југоисточна Европа.

И според висината на оваа инвестиција во земјава, која е за речиси дваесет пати поголема, и според бројот на кравите со кои ќе располага, но и количествата на млеко што ќе се произведуваат.

Имено, најголемата сточарска фарма во Централна и Источна Европа се наоѓа во Чипотелек, Унгарија. Инвестицијата е на „Боли зрт“ и таа изнесува 12 милиони евра. Фирмата „Боли зрт“ е членка е на групацијата „Бонафарм“, која има речиси 5.500 вработени на 50 локации.

Инаку, фармата е основана уште пред околу три века на некогашниот имот на грофот Монтенуово и на надвојводата Албрехт. Таа е денеска опремена со најмодерна технологија и е еден од најголемите играчи на пазарот за храна во Унгарија и пошироко. Според информациите на интернет-страницата на „Бонафарм“, сточарската фарма во Чипотелек има капацитет од 2.500 млечни крави и годишно производство на 20 милиони литри млеко. Располага со 20.000 хектари земјиште, блиску до 120.000 грла свињи и 12-13 милиони пилиња за испилување, 4.000 млечни говеда. Млекото целосно се откупува од „Соле мизо зрт“ за преработка и производство на разни видови млечни производи.

Инвестицијата во „Џумајлија“ на индискиот милијардер Субрата Рој, која е веќе почната, ќе биде за речиси 20 пати поголема од онаа на „Бонафарм“. Станува збор за 211 милиони евра, кои треба да се инвестираат во период од три наредни години. Најавено е дека ќе се увезат 20.000 грла високомлечни крави, а планирано е производство на огромни количества на млеко, дури 300.000 литри дневно.

Објаснувањето на Владата и на Рој беше дека со оваа инвестиција, односно со идното производство на млеко и млечни производи во „Џумајлија“ целосно ќе се покријат потребите на македонскиот пазар и ќе нема потреба од увоз. Прво треба да се изгради фарма за добиток со најсовремена опрема за одгледување и следење на животни, а потоа в година напролет ќе се увезат високо млечни крави од земји на ЕУ. На 5.000 хектари е предвидено да се произведува сточна храна за добитокот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik